Home ШОУ БИЗз Евровизија Пијаната Лорин се бакнуваше со мајка и во уста (фото)

Пијаната Лорин се бакнуваше со мајка и во уста (фото)

SHARE

Швеѓанката Лорин на конференцијата за новинари била толку одземена од алкохол па и се „нафрлила“ на мајка и, која и пришла да и подари цвеќе, пишува српски Курир.

Швеѓанката се клатела на патот до салата за прес конференции, за да прво му се заблагодари на „Туркменистан“ за гостопримството, а потоа следеле уште неколку гафови.

Лорин навела дека е среќна поради својата втора победа на Евровизија, веројатно мислејќи на влегувањето во финале, а потоа додала дека се надева дека ќе победи и следната година?!

Конференцијата била „разубавена“ со една постара госпоѓа која и пришла и и честитала со букет цвеќе. Тогаш, Лорин ја привлекла госпоѓата кон себе и страсно ја бакнала во уста! Потоа на насобраните (и шокирани) луѓе, низ смеа им соопштила:

– Сакам да се бакнувам со баби!

Сето ова можеби ќе поминеше без скандал ако постарата госпоѓа не  беше мајката на победничката на Евросонг, пренесува Курир.

Лорин своите гафови ги заврши со тоа што победничката кристална статуа ја остави на масата по прес-конференцијата, па истата морал да ја земе еден од членовите на шведската делегација.

Сепак, Лорин ја освои цела Европа, ги освои апсолутно гласовите и на публиката и на жирито. Која е всушност Лорин, малку повеќе прочитајте ОВДЕ!

РЕКЛАМИ:
Loading...