Home ШОУ БИЗз Мак сцена Влатко Лозаноски во нова продукција со нов сингл

Влатко Лозаноски во нова продукција со нов сингл

SHARE

„Нема ден, нема ноќ да не мислам на тебе кога лето доаѓа, те сакам ти признавам“ се стиховите од рефренот на новата песна на Влатко Лозаноски- Лозано со која тој по едногодишна пауза се враќа на македонската музичка сцена.

Песната која е во забавен реге – ритам е авторско дело на Лазар Цветкоски, а текстот го напиша Милан Миланов. Режисерот Даниел Јовески и неговата „Сустејн продукција“ изминативе два дена на неколку локации во Охрид, меѓу кои е луксузната вила „Александар“ и плажата „Куба Либре“ сними интересна видео приказна за новата песна на Лозано, со поддршка од новата продукциска куќа на поп-пејачот.

„План Б Продукција“ се прошири со уште едно квалитетно музичко име. Влатко Лозаноски е дефинитивно најдобриот машки вокал во Македонија, а ние, како продукција која е во постојан раст и развој, веднаш започнавме со реализација на веќе потпишаниот договор. Имаме богата агенда за Влатко, а за старт на соработката снимивме и видео запис за неговиот нов сингл „Нема ден, нема ноќ“ – изјавуваат од „План Б Продукција“.

Новата продукциска куќа на Влатко отсега ќе биде одговорна за сите негови музички активности кои следуваат. Најновиот сингл „Нема ден нема ноќ“ во среда ќе биде пуштен во радио етерот а ексклузивна промоција на целиот албум очекувајте наскоро на првото комерцијално интернет – РАДИО ХИТ.

РЕКЛАМИ:
Loading...