Home ШОУ БИЗз Ѕвезди „Луди седумдесетти“ на големото платно?

„Луди седумдесетти“ на големото платно?

SHARE

Ерик, Дона, Мајкл, Џеки, Фез и останатите јунаци на американската хит серија „Луди седумдесетти“ (That 70’s Show) би можеле наскоро да се вратат, овој пат на големото платно.

„Не можам да ви кажам што точно ќе се случи, но сите мислат дека филм „Луди седумдесетти“ би било подобро решение од специјална епизода“, изјавил во разговор за телевизијата „Е!“ актерот Вилмер Валдерам (Фез).

По повод прославата на својот 25-ти роденден, телевизијата Фокс, на која се прикажуваше популарната серија, најави „собирање на оргиналниот кастинг“ со Ештон Качер, Мила Кунис, Тофер Грејсом, Дени Мастерсон, Лора Препон и Вилмер Валдерам.

Телевизијата Фокс својот роденден ќе го прослави во октомври, па се очекува до тогаш да биде подготвен и филмот или специјална епизода на серијата.

Првата епизода на „Луди седумдесетти“ беше емитувана на 23 август 1998 година и набрзо се стекна со голема популарност. Секоја епизода во текот на 8-те сезони во просек ја гледале 10 милиони луѓе само во САД.

Последната, воедно и јубилејна 200-та епизода, беше прикажана на 18 мај 2006 година.

Серијата им донесе популарност на главните актери, и отскочна даска во нивната актерска кариера, на сега веќе холивудските ѕвезди, Ештон Качер и Мила Кунис.

РЕКЛАМИ: ---