Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Луксуз од 13 милиони евра, ѕирнете во хотелот на Роналдо (видео)

Луксуз од 13 милиони евра, ѕирнете во хотелот на Роналдо (видео)

реклама:G Natural

Очигледно фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо за време на паузата заради пандемијата решил многу повеќе да се насочи кон својот бизнис со хотели, па покрај веќе отворените два се реши да отвори уште еден.

Имено тој пред почетокот на европското првенство реши да го отвори својот хотел кој чини неверојатни 13 милиони евра и се наоѓа во Мадрид.

„Pestana CR7 Gran Via“ има 168 соби и девет ката бил отворен на 7 јуни а гордиот сопственик изјавил:

-Ова е забавен начин на уживање во погледот на Мадрид, спортскиот бар и најдобрата пица во градот. Резервирајте веднаш и бидете меѓу првите кои ќе го доживеат ова искуство, се пофалил Роналдо.

Наскоро Роналдо ваков хотел ќе отвори и во Париз, Њујорк и Манчестер.

РЕКЛАМИ:Hotel Premier Bansko „ЛОТУЛС - МАКИТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА“