Home INFO Луксузна инвестиција вредна 13 милиони евра: Sирнете во хотелот на Роналдо (видео)

Луксузна инвестиција вредна 13 милиони евра: Sирнете во хотелот на Роналдо (видео)

реклама:G Natural

Огромното богатсто со кое се стекна благодарение на неговиот фудбалски талент, Роналдо паметно го инвестира.

Славниот фудбалер поседува неколку луксузини недвижнини, а како негов бренд се и три луксузни хотели.

Третиот тој го отвори за време на пандемијата, додека обврските со фудбалот беа ставени во мирување.

Овој хотел чини неверојатни 13 милиони евра и се наоѓа во Мадрид.

„Pestana CR7 Gran Via“ има 168 соби и девет ката, беше отворен на 7 јуни а гордиот сопственик изјавил:

-Ова е забавен начин на уживање во погледот на Мадрид, спортскиот бар и најдобрата пица во градот. Резервирајте веднаш и бидете меѓу првите кои ќе го доживеат ова искуство, се пофалил Роналдо.

Наскоро Роналдо ваков хотел ќе отвори и во Париз, Њујорк и Манчестер.

РЕКЛАМИ:Hotel Premier Bansko „ЛОТУЛС - МАКИТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА“