Home LIFE STYLE МAC prep+prime

МAC prep+prime

SHARE

Шминката ни дава самодоверба.

Со шминката можеме да го скриеме она што не сакаме другите да го видат на нашето лице и да си поиграме со она што ни се допаѓа и сакаме да го истакнеме.

Се шминкаме за на работа, за на кафе, за излегување, но без разлика каде одиме, важно е шминката да трае што е можно подолго.

Пред да нанесете било каква шминка на лицето треба добро да го подготвите. Хидратантната крема и прајмерот за лице ќе помогне вашата шминка да стои и до 12 часа.

А, кога се во прашање прајмерите МАС секогаш има одлично решение.

FIX + е добро познат спреј за сите типови на кожа. Одличен за пред шминкање бидејќи ја хидратира кожата, но и за потоа односно за сетирање шминката.

Доколку повеќе преферирате крема, а имате сува кожа тогаш ВВ BEAUTY BALM е идеалниот прајмер кој ќе ја хидратира вашата кожа во текот на целиот ден.

Водата е тајната состојка на убав свеж изглед. Свежината на дехидрираната кожа вратете ја со MOISTURE INFUSION.

Серум кој има својство да ја задржи водата на вашето лице, но, постојат уште начини како вашето лице да биде хидрирано.

NATURAL RADIANCE е богат со витамин Е и Ц, овозможува хидратација и ги контролира маснотиите во текот на целиот ден.

Маснотиите на лицето можете да ги контролирате и со SKIN BASE VISAGE, силиконски прајмер кој освен маснотиите ги минимализира и порите.

Ако имате проблем со „Т“ зоната, SKIN REFINED ZONE, ја намалува видливоста на порите и овозможува долготраен мат финиш.

SKIN SMOOTHER, исто така контролира маснотии, ја измазнува кожата и моментално ја намалува видливоста на порите и брчките.

Нашето лице секојдневно има потреба од витамини Е и Ц кои ги имате во ЕSSENTIAL OILS, совршен за сува кожа и може да се користи на сите делови.

Изминатите неколку години сензуалните усни се ин, па за да го продолжиме дејството на карминот и се да остане совршено на свое место, наша препорака е безбојна база за усни Lip P+P на MAC.

Не смееме да ги заборавиме очите, а сенката сега може да трае до 24 часа, со помош на 24 EYE BASE, базата за очи за сите типови на кожа.

Дозволете му на вашето лице буквално да блесне, со течниот хајлајтер во форма на пенкало кој е многу лесен за нанесување, а доаѓа со посебен апликатор.

За крај идеалниот финиш постигнете го со TRANSPARENT FINISH POWDER кој ги контролира маснотиите и помага во сетирање на шминката.

Топлите денови ќе пристигнат многу побрзо од очекуваното, па време е да се подготвиме со FACE PROTECT SPF 50 производот на MAC кој има широк спектар на заштита од UVA/UVB зраци.