Home ШОУ БИЗз Балкан Маја Маријана низ солзи проговори за злоставувањето

Маја Маријана низ солзи проговори за злоставувањето

SHARE

Пејачката се расплакала додека зборувала за семејната драма.

Маја Маријана конечно собрала сили да проговори за физичкото злоставување кое го претрпела од невенчаниот сопруг Младен Шмакиќ.

Имено, додека одговарала на прашање како се чувствува моментално, таа потврдила дека поминува низ семејна драма и ги замолила медиумите да престанат со шпекулациите за случувањето кое го преживеала, се додека еден ден сама не открие што се случило, пишува српски Ало!.

Кaко што пишуваа српските медиуми, невенчаниот сопруг на претепал на Велики петок кога побарала помош во Ургентниот центар.

Преку „ТВ Прва“ пејачката пратила апел  до сите жени…

– Се надевам дека на некој начин ова ќе им помагне на другите жени никогаш да им дадат на мажите да кренат рака на нив, ниту една шлаканица – никогаш, изјавила таа и додала:

– Не е точно дека сум му простила – работиме на „нормализирање на односите“ поради детето и ги повикувам сите жени „ да не дозволуваат дури ни шамар“.

Молам сите да ме остават на мира – плачејќи изјави пејачката за  ТВ „Прва“.

РЕКЛАМИ: ---