Мајами нов шампион во НБА лигата

    SHARE

    Кошаркарите на Мајами по вторпат во клупската историја ја освоија шампионската титула во НБА лигата (2006 прва титула) откако ноќеска во натпреварот број 5 во финалето во „Американ Ејрлајнс Арена“ во Мајами пред 20 илјади гледачи ја совладаа Оклахома Сити со 121:106 (31:26: 28:23; 36:22; 26:35) и со 4-1 во победи заслужено дојдоа до вредниот трофеј.

    По ланскиот пораз во финалето од Далас, тимот на Мајами ги оправда огромните вложувања во последните неколку години.

    За најдобар играч на финалето е прогласен Леброн Џејмс (МВП и на регуларниот дел), кој на последниот натпревар имаше „трипл – дабл“ учинок – 26 поени, 11 скокови и 13 асистенции.

    Комплетниот тим на „жешките“ Хит одигра еден добар натпревар, па така Крис Бош постигна 24 поени, Двејн Вејд имаше 20, а Мајк Милер 23 со седум постигнати „тројки“ од осум обиди.

    Кај поразената екипа Кевин Дјурант постигна 32 поена,а Расел Вестбрук 19.

    Целата стартна петорка на Мајами имаше позитивен учинок на овој натпревар, за разлика од нив кај Оклахома Сити сите имаа негативен учинок.

    РЕКЛАМИ: ---