Home ЗАБАВА Занимливости Мајка и татко го истетовираа белегот на нивната ќерка за таа да...

Мајка и татко го истетовираа белегот на нивната ќерка за таа да не се чувствува специјално

SHARE

Запознајте ја 18-месечната Хани Реј родена со огомен розев белег кој покрива половина од десната страна на нејзиното тело.

За таа да не се чувствува специјално, нејзините мајка и татко решиле на нивното тел да го истетовираат истиот белег.

„Сакавме Хани Реј да се чувствува специјално, да смета дека нејзиниот белег е нешто со кое треба да се гордее, а не нешто од кое да се срами“, изјавила Тања, нејзината мајка во интервју за Mirror, откако овие фотогарфии го обиколија светот.

Тања и нејзиниот сопруг Адам имаат четири деца, а решиле да го направат овој потег откако Тања се нашла во непријатна ситуација додека шетала со нејзината ќерка.

Тетоважа

Повозрасна жена започнала да му шепоти на нејзиниот сопруг гледајќи во ногата на малата Хани Реј.

Хани Реј

„Бев избезумена. Првпат излеговме без да ја покријам, а тоа ми ги потврди сите грижи и стравови. Луѓето се злобни без да го сфатат тоа. Знаев дека ако возрасните можат да бидат толку нечувствителни, тогаш и децата на училиште може ненамерно да бидат злобни“, рекла Тања.

Па, за Хани Реј да не се чувствува различна и да не се засегнува од некултурните коментари на луѓето, нејзините родители се погрижиле таа да расте опкружена со љубов.

Ако некои луѓе сметаат дека постапката на родителите е екстремна, Тања и Адам се сигурни дека тоа ќе придонесе нивната ќерка да биде посамоуверена. „Таа постојано ги допира нашите тетоважи, а потоа својата, и се смее. Не би можела да бидам посреќна“, вели Тања.

Хани Реј

РЕКЛАМИ:
Loading...