Home ШОУ БИЗз Евровизија Македонија 12-та на детска Евровизија: Мартија со одличен настап (видео)

Македонија 12-та на детска Евровизија: Мартија со одличен настап (видео)

SHARE

На овогодишното издание на детската Евровизија, нашата земја го освои 12-то место.

Нашата претставничка Мартија Станојковиќ од Куманово, настапи со песната “Love will lead our way”, а костимот кој го носеше беше инспириран од поп-дивата Бијонсе.

Но, за жал талентираната девојка не успеа да ја освои европската публика и жири.

Мартија - евровизија

Од возрасното жири, успеавме да освоиме само 17 поени, додека победничката песна на Грузија освои 156 поени, а од детското жири освоивме вкупно 24 поени.

Поради забраната од ЗАМП за емитување на македонска музика, песната на Мартија не ја доби заслужената промоција во матичната земја.