Home КУЛТУРА Кино Македонска премиера на „Жената која си ги избриша солзите“

Македонска премиера на „Жената која си ги избриша солзите“

SHARE

Продукцијата Сестри и браќа Митевски и на Скопскиот филмски фестивал ја најавија македонската премиера на третиот авторски филм на Теона Стругар Митевска, „Жената која си ги избриша солзите“, на 27 април.

Премиерата ќе биде во киното Милениум, од 20 часот, со што ќе се спушти и завесата на Скопскиот филмски фестивал.

На премиерата, покрај комплетната филмска екипа од Македонија, специјално од Франција ќе допатува и главната актерка, Викторија Абрил, која ќе остане во Македонија до 29 април. На 27 април, во терминот од 22.30 часот, филмот ќе биде прикажан уште еднаш, при што екипата ќе се поклони пред аудиториумот во салата. Филмот три недели ќе биде на редовниот репертоар на киното Милениум, со проекции од 18, 20 и 22.30 часот.

[pullquote_left]Филмот ја прикажува борбата на две жени од различни општества, од Франција и од Македонија, кои ќе се спојат под чудни околности, едната барајќи одговори поради загубата на својот син и отуѓувањето од сопругот, другата трпеливо настојувајќи да го најде својот изгубен сопруг и да го сочува синот.[/pullquote_left]

На 28 април во 20 часот филмската екипа ќе прошета и по црвениот тепих пред Домот на културата на битолската премиера. Од 1 мај филмот ќе се прикажува и во сите останати киносали низ Републиката, со термини што дополнително ќе ги објавиме. Македонската дистрибуција на филмот ќе ја прави Манаки филм од Скопје.

Филмот на 11 февруари ја имаше својата забележителна светска премиера на Берлинскиот филмски фестивал во престижната селекција Панорама специјал.

Снимањето се одвиваше од март до мај 2011 на повеќе локации во Македонија (Радовиш, Јасен, Попова Шапка, Скопје) и во Германија (Ерфурд).

Продукцијата Сестри и брат Митевски е главниот продуцент на филмот, кој е копродукција помеѓу Македонија, Словенија, Белгија и Германија.

И двете на свој начин одбиваат да ја прифатат општествено одредената улога и се борат да ги преуредат своите судбини.

– Двата дела во филмот, Франција и Македонија, зависат еден од друг. Заедно го составуваат мозаикот и ја поддржуваат суштината на приказната на овие две многу различни жени. Македонскиот дел од филмот е инспириран од документаристичкиот пристап на Роберт Флаерти. Ако долго се набљудуваат секојдневните обврски на луѓето, лесно ќе се открие нивната вистинска природа. Визуелно, целосниот режисерско-сценографски пристап во францускиот дел на филмот е во спротивност со поетскиот пристап во македонскиот, со цел да се создаде хибрид од обете, вели режисерката Теона Митевска.

РЕКЛАМИ: ---