Home СПОРТ Фудбал Македонски клуб на мегдан со гигантите Паок, Ѕвезда и Партизан (фото)

Македонски клуб на мегдан со гигантите Паок, Ѕвезда и Партизан (фото)

SHARE

Во општина Аеродром веќе подолг период функционира и успешно се развива фудбалскиот клуб „Нови Лисици“.

Клубот брои 120 членови, во најголем број деца и младинци, кои тренираат на сопствен стадион кој се наоѓа во Реонскиот центар во општина Аеродром.

Пет тренери со А-лиценци секојдневно одржуваат тренинзи во сите категории и активно се натпреваруваат во лигите на Фудбалската федерација на Македонија.

Доказ за успешноста на клубот е поканата за ФК Нови Лисици да настапи на најголемиот турнир за деца и младинци во Чачак, Србија, кој ќе се одржи од 1-ви до 4-ти мај, а каде ќе се натпреварува со регионалните гиганти: Црвена Ѕвезда, Партизан, Паок, Рапид Букурешт и други.

Наесен, ФК Нови Лисици со својот сениорски тим ќе започне да настапува во 4-та регионална фудбалска лига, а од неодмна почна да врши и уписи на нови членови во сите категории.

Им посакуваме среќа на нашите младинци на силниот турнир во Србија, а доколку сакате да ги следите нивните резултати, постигнувања и активности, можете да ги следите на нивниот Фејсбук профил или YouTube канал.

РЕКЛАМИ: ---