Home ШОУ БИЗз Ѕвезди Масер го повика Траволта на приватно судење

Масер го повика Траволта на приватно судење

SHARE

Масерот кој го обвини Џон Траволта за сексуално вознемирување сака да се откаже од јавната тужба и да прифати пресметка во приватно судење далеку од камерите и очите на јавноста.

Окорие Окорча, адвокатот на масерот кој бил сексуално напаствуван од страна на познатиот холивудски актер за весникот New York Daily News изјавил дека тој е подготвен да се откаже од федералната тужба и да започне приватно судење, далеку од очите на јавноста.

Како што пишува New York Daily News, Окорие Окорача нагласил дека актерот не се согласил со приватно судење, но неговиот предлог сеуште не е отфрлен.

Сепак, до сега Траволта сакал целиот процес да биде прикажан јавно за да ги отфрли сите обвинувања на масерите.

– На почетокот размислував за приватноста на мојот клиент, па затоа сакаме приватно судење. Ако тоа се случи, потоа ќе се грижиме за одбирањето на судијата и нивна е одлуката дали судењето ќе продолжи јавно, изјавил адвокатот на неименуваниот масер.

РЕКЛАМИ:
Loading...