Home ЗАБАВА Занимливости Паметен кафе-мат!

Паметен кафе-мат!

SHARE

Филипс излезе со своето последно откритие кое изгледа засекогаш ќе го промени пазарот.

Имено, излезе најновата машина за кафе која работи на отпечаток, односно по првата нарачка на кафематот, тој го запаметува вашиот идентитет и секогаш го прави вашето омилено кафе.

Оваа машина може да запамети 6 профили, отприлика колку едно семејство или мала канцеларија, и повеќе не мора постојано да го нарачувате кафето кое го посакувате.

Од машината може да побарате 9 видови на вкус, тач скринот (екранот на допир) ви дозволува лесно да ја наместите количината на шеќер и засладувачи, а лесно можете и да го промените вашиот зачуван податок за омилениот пијалок, а е и многу едноставен за чистење.

Цената на оваа одлична машина се уште не е дефинирана, но веројатно ќе се исплати колку и да чини.

РЕКЛАМИ:
Loading...