Home INFO Ме нервираше сиромаштијата: Ова е бурното минато на Јелена Карлеуша

Ме нервираше сиромаштијата: Ова е бурното минато на Јелена Карлеуша

SHARE

Пред бракот со фудбалерот Душко Тошиќ, Јелена Карлеуша имала турбулентно минато.

Пејачката го погребала својот вереник, се развела но и направи кариера од соништата.

– Кога бев мала најмногу ме нервираше сиромаштијата. Ме болеше кога ги гледав мајка ми, тетка ми и баба ми како се мачат. Бев скромно девојче кое не бараше ништо. Само да ми веруваат дека еден ден ќе успеам. И ми веруваа. Јас успеав за нив.. – изјави Карлеуша непосредно пред својот 40 ти роденден.

Карлеуша била во врска со Зоран Давидовиќ Чанда, за кого многумина шпекулираа дека има врска со српското подземје и со криминални дејствија.

Била верена со него во 1999 година се додека тој не бил убиен на 23. март 2000 година.

Карлеуша за убиството ги обвинуваше Аркан и Цеца, со која сеуште е во војна, а по трагедијата, се повлече од сцената.
Кога и се врати на музичката кариера , отпеа песна за покојниот вереник, Балада за Зоран.

Чанда бил брутално ирешетен до смрт кога се враќал од погреб на свој пријател.

РЕКЛАМИ: ---