Home INFO Ме силуваа додека ми држеа нож на вратот: Потресна приказна од младоста...

Ме силуваа додека ми држеа нож на вратот: Потресна приказна од младоста на Мадона

реклама:hotel PREMIER

Мадона деновиве е актуелна по раскинувањето на љубовната врска со 28 годишниот танчер.

Наводно поради работните обврски, поп иконата ја прекинала романсата со 35 години помладото момче.

Секогаш контроверзна, пејачката успева со децении да го задржи епитетот поп кралица.

Но, нејзините почетоци воопшто не биле лесни.

Во една прилика, пејачката за американските медиуми раскажала потресна приказна од почетокот на кариерата, односно за своето доаѓање во Њујорк.

„Кога пристагнав во Њујорк бев тинејџерка. Беше страшно, во тие први години ми се закануваа со пиштол, ме силуваа на покривот на зградата додека ми држеа нож на вратот. Имав толку грабежи во својот стан така што едноставно престанав да заклучувам“, рекла Мадона.

Мадона истакнала дека во тој период и било премногу тешко.

Останала без пријателите кои умреле од сида, дрога и куршуми, а кога станалаа славна злобните луѓе ја нарекувале со погрдни имиња.

Мадона, сепак, продолжила со кариерата и покрај сексистичките напади на кои била изложена.

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------