Home INFO Меган Маркл не е единствена: Скандалозен разговор на принцезата Дијана со нејзината...

Меган Маркл не е единствена: Скандалозен разговор на принцезата Дијана со нејзината мајка

реклама:hotel PREMIER

Меган Маркл не е единствената во кралското семејство која имала проблем со родителите, или барем еден од нив.

Бившата војвотка од Сусекс доживуваше вистинска драма поради скандалите кои ги прави нејзиниот татко, но и нејзината покојна свекрва, принцезата Дијана имала големи проблеми со својата мајка.

Пол Бурел, Батлерот на Дијана за кој подоцна се воспостави дека и бил и добар пријател и човек од доверба, за британските медиуми прераскажал еден непријатен разговор помеѓу Дијана и нејзината мајка.

Наводно станува збор за бурна реакција на мајката на Дијана поради нејзините ” недолични” односи со познат хирург со потекло од Пакистан, како и со еден од водечките азиски бизнисмени.

“Пол, дојди брзо, ме повика Дијана и ми ја прислони телефонската слушалка на уво за да чујам како разговара со неа нејзината мајка.
Тоа всушност беше монолог на мајката. Слушнав погрдни зборови, навреди и пцовки упатени кон принцезата поради нејзиното машко друштво. Беше тоа личен напад врз Дијана. Ја осудуваше што се дружи со нив и ги напаѓаше нивните религиски убедувања.” – раскажува батлерот.

Бурел тврди дека по случката Дијана ја спуштила слушалката од телефонот и си ветила себе си дека никогаш повеќе нема да разговара со својата мајка.

Ова бил нивниот последен разговор.

Кога новинарите го прашале за детали околу разговорот кој го слушал, тој одбил да одговори повикувајќи се на почитта кон починатата принцеза, но сепак додал дека додека траел бурниот разговор, мајката ја нарекла ќерка си “ку*ва”.

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------