Меси четврти пат ја освои „Златната топка“

    SHARE

    Аргентинскиот интернационалец и член на шпанскиот гигант Барселона, Лионел Меси по четрврти пат во низа ја освои „Златната топка“ која се доделува на најдобриот фудбалер во изминатата година.

    Меси беше прв фаворит за добивање на признанието најдобар играч во 2012 година и зад себе ги остави неговиот соиграч Андрес Иниеста и напаѓачот Кристијано Роналдо од Реал Мадрид.

    Во изборот кој заеднички го организираа Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) и „Франс Фудбал“ учествуваше и Македонија преку гласовите на селекторот Чедомир Јаневски и капитенот Горан Пандев кои петте поени ги доделија токму на Меси.

    Покрај добрите игри, членот на Барселона титулата ја доби и поради постигнувањето на 91 гол во годината и рушењето на 40 години стариот рекорд на Герд Милер.

    ФИФА синоќа награди додели и во следниве категории:

    Гол на годината: Мирослав Штох (Словачка).

    Тренер на годината: Висенте Дел Боске.

    Тим на годината: Икер Касилјас, Дани Алвеш, Серхио Рамос, Жерард Пике, Марсело, Чаби Алонсо, Чави Хернандез, Андрес Иниеста, Лионел Меси, Радомел Фалкао и Кристијано Роналдо.

    Претседателска награда од ФИФА: Франц Бекенбауер (Германија).

    Фудбалерка на годината: Еби Веимбах (Америка).

    Женски тренер на годината Пиа Мариане Сандејџ (Шведска).

    Фер Плеј награда: Узбекистански фудбалски сојуз.

    РЕКЛАМИ: ---