Home СПОРТ Фудбал Меси: Не сме навикнати на порази

Меси: Не сме навикнати на порази

SHARE

Јас и моите соиграчи одамна не сме биле во ваква ситуација. Не сме навикнати да губиме и поради тоа мора нешто да се направи.

Верувам дека веќе од утре ќе се вратиме на старите патеки и ќе докажеме дека изминатиов период беше само привремена слабост, истакна Лионел Меси, членот на Барселона и најдобар светски фудбалер.

Меси и соиграчите утре ги очекува дербито со вечниот ривал Реал Мадрид, кој според најавите во шпанските медиуми нема да настапи во најсилен состав и тоа ќе биде шанса да му се остварат желбите на Аргентинецот, Барселона да се врати на победничките патеки.

Во вторникот Барселона на домашен терен загуби од Реал со 3:1 во шпанскиот куп, а пораз претрпе и во првиот осминафинален дуел од Лигата на шампионите на гостувањето кај Милан со 2:0.

РЕКЛАМИ:
Loading...