Home СПОРТ Фудбал Меси се соочува со казна од 10 милиони евра

Меси се соочува со казна од 10 милиони евра

SHARE

Најдобриот светски фудбалер Лионел Меси кој заработи кривична пријава поради затајување данок од четири милиони евра, според шпанските закони ќе треба да плати казна од 10 милиони евра.

Меси не е загрозен со затворска казна како што вчера беше пренесено во некои медиуми. Членот на Барселона има опција да постигне договор со Министерството за финансии на Шпанија за плаќање на казната заедно со каматите, со што би се избегнал судски спор.

Адвокатите на Меси му порачаа да се сложи да ги плати 10-те милиони евра казна и да се заврши неговиот случај.

Аргентинскиот репрезентативец во Барселона годишно заработуваа околу 16 милиони евра и уште толку од спонзорски договори.

Кривичната пријава за Меси и неговиот татко за затајување данок од четири милиони евра се однесува за периодот 2006-2009 година.

Според обвинителот Меси и неговиот родител парите од спонзорите ги добивале на приватни сметки кои ги регистрирале во Уругвај и во Белизе и на тој начин избегнувале плаќење данок во Шпанија.

РЕКЛАМИ:
Loading...