АУДИО ВЕСТ:КЛИКНИ НА ПЛЕЕРОТ И СЛУШАЈ!
Getting your Trinity Audio player ready...

Лионел Меси трет пат на ова Светско првенство е прогласен за најдобар играч на мечот. Капитенот на Аргентина даде гол, а учествуваше и во останатите два, во тешката победа над дебитантот Зеленортски острови со 3:2.

На овој меч Меси постави неколку рекорди. Кога погоди за 1:0, тој стигна до јубилеен 20-ти гол во историјата на Мундијалите, а тоа беше и осми натпревар по ред на кој постигнува погодок на планетарните собири.

Интересно е дека Меси блеска на Мундијалите откако наполни 35 години. Пред да наполни 35 години, Меси имаше постигнато само шест гола на СП, додека по наполнети 35 години, веќе нареди 14 погодоци.

Против Зеленортски острови, Меси го подобри и рекордер и по бројот на одиграни мечеви на СП. Тоа е првиот со 30 настапи на планетарните собири. Зад него е Роналдо со 26 меча, а Лотар Матеус застана на 25 натпревари.

На дуелот против Зеленортски острови, Меси беше на прагот да постави и уште еден рекорд, но сепак не успеа. При третиот гол за Аргентина, Меси центрираше од корнер, а првично беше запишано дека голот го постигна Кута Ромеро. На тој начин, Меси стигна до деветата рекордна асистенција на СП, останајќи го зад себе легендарниот сонародник Диего Армандо Марадона кој осум пати асистирал за погодок на Мундијал.

Сепак, подоцна, ФИФА корегираше и наместо гол на Ромеро, беше запишано дека Зеленортски острови си постигнале автогол затоа што последен со топката играл Дани Борхес. ВО тој случај, автоматски се брише асистенцијата на Меси, па капитенто на Аргентина останува на осум асистенции и е на делба на врвот со Марадона.

Следна шанса Меси да го сруши и овој рекорд на Марадона ќе има во осминафиналето против Египет.

РЕКЛАМИ: