Home INFO Место од соништата: Овде летуваат Кејт Мидлтон и Принцот Вилијам

Место од соништата: Овде летуваат Кејт Мидлтон и Принцот Вилијам

реклама:G Natural

По правило, локациите кои членовите на кралското семејство ги одбираат за одмор не се обелоденуваат на јавноста. Деталите на медиумите се кријат за да не ја нарушат нивната посакувана приватност.

Сепак, британскиот “Ел” открил дека војводата од Кембриџ и неговата сопруга заедно со своите три деца, со приватен авион отпатувале до карипскиот остров Мистик.

Оваа локација најчесто ја избираат членовите на кралското семејство и најбогатите луѓе во светот кога сакаат да имаат приватност.

Кејт и Вилијам двапати го посетиле овој остров. Првпат пред шест години, како брачна двојка, потоа две години подоцна, со својот првороден син Џорџ, кој тогаш имал само една година.
Речиси секоја зима, таму оделе да се опуштат и родителите на војвотката.

РЕКЛАМИ:Hotel Premier Bansko „ЛОТУЛС - МАКИТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА“