Home INFO Мета му се популарни девојки: Кое е новото момче на Ким Кардашијан?

Мета му се популарни девојки: Кое е новото момче на Ким Кардашијан?

реклама:G Natural

Познатата старлета деновиве е актуелна со нејзината нова врска, прва по разводот со раперот Канје Вест.

Наводно, Ким Кардашијан е во врска со Пит Дејвисон, комичар кој е помлад од неа 13 години.

Пит е познат како голем заводник и има значителен број популарни бивши девојки.

Медиумите шпекулираа дека Пит имал кратка романса со манекенката Ирина Шајк, а до неодамна бил во врска со Фиби Диенвор.

Пред Фиби, беше свршен со пејачката Аријана Гранде, а ја запросил по само една недела врска.

Свршувачката ја раскина во октомври 2018 година по неколку месеци бидејќи работите наводно оделе пребрзо за Аријана.

Одреден период, Пит бил заљубен во 20 години постарата актерка Кејт Бекинсејл, за по кратко време да ја најде среќата со младата ѕвезда Каија Гербер ќерка на манекенката Синди Крафорд.

РЕКЛАМИ: Hotel Premier Bansko ----------------------------------------------------