Home СПОРТ Ракомет Металург без Манасков до крајот на сезоната

Металург без Манасков до крајот на сезоната

SHARE

Еден од најдобрите ракометари на македонскиот првак Металург, Дејан Манасков ја заврши сезоната на вчерашниот натпревар против Силкеборг.

Младиот крилен играч доживеа повреда на коленото, а денешните прегледи ги потврдиле најлошите прогнози во редовите на Металург.

Имено, Манасков ги скинал предните вкрстени лигаменти и ќе биде надвор од ракометните терени во следните шест месеци.

Тоа значи дека Манасков нема да се врати во тимот од Автокоманда до крајот на сезоната и ќе го пропушти најважниот дел, односно оној во кој се доделуваат трофеите. Најважно од се, тој нема да настапи во осминафиналната фаза од Лигата на шампионите каде Металург утре ќе го дознае својот противник.

Отсуството на Манасков ќе биде голем хендикеп за Металург и во домашните натпреварувања како и во СЕХА лигата имајќи предвид дека овој тим има највисоки амбиции во секое од нив.

Во соработка со: sportclub.mk

РЕКЛАМИ: ---