Home СПОРТ Ракомет Металург – „болница“: Червар без осум ракометари во Нови Сад

Металург – „болница“: Червар без осум ракометари во Нови Сад

SHARE

Македонскиот ракометен вицешампион, пред дуелот со РК Вардар во Лигата на Шампионите се соочува со огромни проблеми а за тоа, говори фактот дека Лино Червар, во ракометната СЕХА Лига, за Нови Сад, мораше да отпатува без осум стандардни ракометари.

На гостувањето кај Војводина, екипата на Металург нема да може да смета на услугите на Дарко Станиќ, Наумче Мојсовски и Златко Мојсовски, кои останаа во Скопје и се подготвуваат за дуелот со Вардар, Никола Кеџо кој има здравствени проблеми, недоволно заздравениот Филип Миркуловски, кој направи операција и сеуште се рехабилитира и одбрамбеното трио составено од Павел Атман, Велко Марковски и Ацо Јоновски, кои имаат мали повреди и се наоѓаат, на рехабилитација во Словенија.

Останува да видиме, дали ова исклучување на осуммината првотимци од составот пред патувањето за Србија е само трик на „металурзите“ пред најголемото дерби во ЛШ или пак, навистина се работи за повреди, што би било премногу сериозно за двомечот во ЛШ.

Покрај натпреварот меѓу Војводина и Металург, во ракометната СЕХА Лига в сабота, се играат дуелите Мешков-Нексе и Партизан-Татран Прешов.

Натпреварот меѓу Металург и Вардар во Лигата на Шампионите пак, се игра на 14 ноември.

Во соработка со: sportclub.mk

РЕКЛАМИ:
Loading...