Home СПОРТ Ракомет Металург брка победа за потврда на втoрото место

Металург брка победа за потврда на втoрото место

SHARE

Ракометарите на македонскиот шампион Металург попладнево во СЦ „Борис Трајковски“ во славеничка атмосфера ќе го одиграат натпреварот од 10.коло од групата Ц од Лигата на шампионите.

Без разлика на исходот, Металург го има обезбедено 2.место во групата што е чекор напред во однос на лани и во осминафиналето ќе биде домаќин на реваншот.

За двете екипи натпреварот нема резултатска важност што дава можност да се гледа убав натпревар секако на задоволство на гледачите.

Силкеборг е сепак екипа која заслужува почит, бидејќи во нивните редови има дури пет репрезентативци на Данска, кои на последното Светско првенство го освоија сребрениот медал.

Преглед на резултатите (двојките) и табелите:

Ц група: Горење – Килце 25:29, Металург – Силкеборг ( денес, почеток 17 часот) и Шамбери – Санкт Петербург (денеска).
Табела: Килце 20 бодови, Металург 12, Горење 12, Силкеборг 8, Шамбери 2, Санкт Петербург 2.

А група: Чеховски Медведи – Флензбург 29:29, Адемар Леон – Партизан 28:23 и Хамбург – Монпеље 35:33.
Табела: Хамбург 16 бодови, Флензбург 15, Чеховски Медведи 14, Адемар 7, Монпеље 6, Партизан 2.

Б група: Савехоф – Цеље 24:29, Веспрем – Атлетико Мадрид 26:19, Констанца – Кил 25:28.
Табела: Веспрем 18 бодови, Кил 14, Атлетико Мадрид 10, Цеље 8, Констанца 4, Савехоф 4.

Д група: Динамо Минск – Барселона 28:30, Загреб КО – Кадетен Шафхаузен 38:30 и Берлин – ПИК Сегед (денеска).

Табела: Барселона 18 бодови, Берлин 14, Динамо Минск 11, ПИК Сегед 6, Загреб КО 5, Кадетен Шафхаузен 4.

РЕКЛАМИ: ---