Home СПОРТ Ракомет Металург има нов играч

Металург има нов играч

SHARE

Хрватскиот ракометар Марко Бувиниќ е најновото засилување на македонскиот шампион Металург.

22-годишниот Бувиниќ игра на позиции десен бек и десно крило, а доаѓа од екипата на Пореч.

Тој е поранешен младински и кадетски репрезентативец на Хрватска.

– Дојдов во голем клуб чии резултати ги пратам неколку години. Целта ми е да учам и да напредувам во својата кариера. Моменталните проблеми во клубот не ме загрижуваат, бидејќи повторувам, овде дојдов за да станам подобар ракометар. Се надевам дека ќе можам да помогнам во реализацијата на клупските планови и очекувам дека ќе избориме ново учество во Лигата на шампионите, следната сезона, изјави за клупската веб страна новиот член на Металург.

РЕКЛАМИ:
Loading...