Home ШОУ БИЗз Балкан Милан ја преболе Северина – има нова девојка (фото)

Милан ја преболе Северина – има нова девојка (фото)

SHARE

Милан Поповиќ веќе еден месец е во љубовна врска со глумицата Марија Каран, дознава српски „Курир“.

Милан и Марија се запознале при крајот на минатата година, а при нивната втора средба на православната нова година во еден белградски ресторан, сфатиле дека постои некоја мала „хемија“ меѓу нив.

Северина тоа време била во Сплит.

После раскинувањето на Севе и Милан, глумицата и бизнисменот повторно се нашле во исто друштво.

– Двајцата имаат многу заеднички пријатели, а еден од нив е и глумецот Мима Караџиќ со кој беа во друштво кога се запознаа. За сега им оди супер. Марија моментално му е голема подршка на Милан, со оглед на тоа дека тој поминува низ малку бурен период, после раскинувањето со Северина, изјавил за „Курир“ извор кој е близок на новиот пар.

Милан и Марија одлучиле сега за сега врската да ја кријат од јавноста и пријателите, а за тоа имало повеќе причини.

Една од тие е тоа што на Поповиќ му било „преку глава“ од медиумското експонирање, па затоа сакал да се повлече од јавниот живот. Марија нормално дека се согласила со тоа.

Од „Курир“ неколку пати пробале да ги добијат Поповиќ и Каран, но никој не одговорал на телефонските повици и смс пораките.

РЕКЛАМИ:
Loading...