Home INFO Мислевте дека очите во базен поцрвенуваат од хлорот? Вистината е многу полоша!

Мислевте дека очите во базен поцрвенуваат од хлорот? Вистината е многу полоша!

SHARE

Кога ќе дознаете од што навистина ви поцрвенуваат очите кога нуркате во базен, ќе размислите убаво дали повторно ќе скокенте во таа вода.
Сигурно некогаш сте нурнале во базен без заштитни очила. Тогаш сте забележале дека отпосле ви зацрвениле очите. Велат дека тоа е од хлорот, но тоа е само делумно точно, а од остатокот сигурно ќе ви се згади.
– Кога нуркате во базен, очите ви поцрвенуваат поради хлорот кој се врзал за урина и пот – вели доктор Мајкл Бич, еден од директорите на Американскиот центар за контрола на болести (CDC).
На сајтот CDC стои дека направиле двократни проверки и тврдат дека црвенилото во очите дефинитивно е резултат на хлорни нуспроизводи, а тие нуспроизводи настануваат како реакција од хлор и урина, пот и уште некои отпадни материи од организмот.

Што се однесува до додатоците кои ја бојат водата во црвено или некоја друга впечатлива боја, кога некој ќе уринира во базенот, доктор Бич тврди дека тоа е измислена работа која е пласирана за да ги исплаши луѓето да не уринираат во базени.

„Што и да ви рекле вашите родители, знајте дека не постои никаква супстанција која, кога ќе се додаде во вода, открива присуство на урина така што прави облак од обоена вода околу престапникот“, пишува на сајтот „Snopes“ кој се занимава со истражување на урбаните митови.