Home INFO Млад и згоден: Еве кој е Сем Ашгари, вереникот на Бритни Спирс

Млад и згоден: Еве кој е Сем Ашгари, вереникот на Бритни Спирс

реклама:G Natural

Се чини дека голготата на поп пејачката Бритни Спирс е при крај.

Додека ја чека финалната судска разврска која ќе ја врати нејзината слобода, пејачката се вери со долгогодипнот момче Сем Ашгари..

Тој е дванаесет години помлад од пејачката а се запознале на снимањето на спот за најзина песна “Slumber Party”, во 2016 година, каде тој имал главна улога.

Сем не губел премногу време, па веднаш ѝ го дал неговиот телефонски број. Пејачката призна дека му се јавила дури 5 месеци подоцна кога случајно го пронашла бројот со ливчето во чанта.

Обожавателите на Бритни на почетокот на оваа врска беа загрижени за неа, особено заради фактот дека Сем е 12 години помлад од неа и дека ја искористува заради парите и славата, но очигледно се испостави сосем спротивното.

Сем Ашгари е роден во Иран, а на својата 12та година го напуштил Техеран, каде живеел со својата мајка Фатима и трите сестри. Заминал да живее во САД со својот татко.

Кариерата ја започнал како личен тренер, потоа започнал да се бави со манекенство. За потребите на снимањето, лично Бритни го одбрала да глуми во спотот, гледајки фотографија од него.

Сем има улоги и во неколку серии како “Black Monday”, “The Family Business” а во 2019 година имал улога во филмот “Can You Keep Secret”.

РЕКЛАМИ: Hotel Premier Bansko ----------------------------------------------------