Холивудскиот актер Ал Пачино, на свои 82 години ќе стане татко.
Мајката на неговото четврто дете е Нор Алфалах.
Нор е во осмиот месец ос својата бременост а веста ја потврди и менаџерот на Пачино.
View this post on Instagram
Младата Нор, која има 29 години, се претставува како филмска продуцентка, но зад себе нема баш многу реализирани проекти.
Поточно досега продуцирала само два.
View this post on Instagram
Вниманието во јавноста го привлече во 2017 година кога е забележана со Мик Џегер, на турнејата на Ролинг Стоунс.
View this post on Instagram
Мик ја раскина врската со Нор со цел да се посвети на неговата предходна девојка, 36 годишната балерина Мелани со која беше во врска од 2014 година и со која го имаат синот Октавиан, осмо по ред дете на рокерот.
По раскинувањето со Џегер, Нор често е во друштво на 62 годишниот милијардер Николас.
View this post on Instagram
Неколку месеци подоцна, папараците ја уловија како излегува од ресторан со Клинт Иствуд.
Ниту еден од нив немал коментар за нивната врска.
Но подоцна, Нор за Дејли Меил изјавила дека двајцата се само добри пријатели и биле на семејна вечера на која присуствувале и нејзините родители.
На вечерата во ресторанот не се појавила Кристина Сандере, со која Иствуд е во врска веќе девет години.
Ал Пачино никогаш не бил во брак, но има три деца. Ќерката Џули Мари Тарант (33) и дваесет и две годишните близнаци Оливија и Антон ДиАнџело (22).