Модриќ најголема утка во Примера

    SHARE

    Шпанскиот спортски дневник АС го прогласи репрезентативецот на Хрватска, Лука Модриќ за најголема утка во Примера.

    Модриќ пред почетокот на оваа сезона дојде во Реал Мадрид од Тотенхем за отштета од околу 35 милиони евра.

    Од крајот на август настапи на 13 натпревари во Примера, при што пет пати влезе како резерва, плус пет натпревари во Лигата на шампионите, три во Купот на Шпанија и еден во Супер-купот.

    На вкупно 22 настапи, Хрватот постигна само еден гол и оствари две асистенции што го стави на првото место на најголемите утки оваа сезона.

    Интересно е тоа што веднаш зад него е камерунскиот репрезентативец од Барселона, Алекс Сонг иако тој беше донесен за двојно помалку пари од Модриќ и во тимот има огромна конкуренција на својата позиција поради што нема голема минутажа во актуелната сезона.

    Како потврда на изборот на Сонг, АС го потенцира Жорди Алба кој беше донесе за слична сума како Камерунецот, но за многу кратко време стана еден од носителите на играта на Барселона.

    „Лука Модриќ и Алекс Сонг се најголеми разочарувања во досегашниот дел од сезоната. Чинеа многу пари, а не одиграа ниту половина од минутите на натпреварите на своите екипи. Тоа е далеку под сите очекувања“, пишува АС.

    Наспроти Модриќ и Сонг се наоѓаат Адуриз од Атлетико, Мартинс од Леванте, Алба од Барселона и Монтањес од Сарагоса кои се прогласени за најдобри засилувања во летниот преоден рок.

    Вкупно, во текот на летото беа реализирани 120 трансфери, а играчите што учествуваа во нив одиграа 42,5% од вкупниот број минути во досегашниот дел од сезоната. Само Рукавина од Ваљадолид постојано беше во игра, односно има максимална минутажа, додека Мињо од Мајорка и Волта од Леванте воопшто не добија шанса на теренот.

    Селта и Гранада се екипи кои најмногу ги искористија засилувањата во летниот преоден рок. Кај тимот од Виго четири од шесте нови играчи се постојано во стартната постава, додека четворица во тимот на Гранада одиграа над 1000 минути.

    Превземено од: sportclub.mk

    РЕКЛАМИ:
    Loading...