Home INFO Морничаво: Сведоштва на родители за „замислените пријатели“ на нивните деца

Морничаво: Сведоштва на родители за „замислените пријатели“ на нивните деца

SHARE

Честопати малите деца измислуваат свои „невидливи пријателчиња“ со кои наводно комуницираат и се дружат.

Многумина од нас сме имале такви „пријателчиња“ како мали. Но, постојат случаи од кои не полазуваат морници.

Еве ги сведоштвата на родителите:

“Мојот 3-годишен син постојано ми зборуваше за страшниот човек кој наводно живеел во нашата спална соба. Направив огромна грешка кога го прашав како изгледа . Син ми одговори: О, не, тој нема лице.”

“Мојата тригодишна ќерка тврдеше дека девојче по име Кели живее во нејзиниот орман. Постојано раскажуваше како Кели седи на нејзината нишалка и ја гледа додека спие, како си играат заедно – типичен синдром на замислено другарче кај мало дете. Но по една година, додека со мажот ми гледавме еден хорор филм, ќерка ми возбудено извика:  Оваа многу личи на Кели, покажувајќи кон еден лик од филмот. Ја запрашав која Кели? – Мртвото девојче кое живее во мојот орман, ми одговори.”

“Ќерка ми постојано ми говореше дека секоја вечер во нејзината соба доаѓа старец кој и става крст на челото. И велев дека тоа е само сон. Една вечер кај нас дојде мојата свекрва со албум со фамилијарни фотографии! Ќерка ми ја погледна фотографијата од таткото на мојот сопруг кој е починат веќе 18 години и извика: Oва е тој, ова е човекот кој доаѓа навечер! Подоцна мажот ми ми раскажа дека додека бил мал, неговиот татко секогаш го допирал со крст на челото пред да заспие.”

“Мојот помал син постојано велеше дека навечер, во неговата соба го посетува една жена. Таа се викала Френи, била облечена во црвено, сакала да му пее и лебдела. Нормално не му поверувавме и го убедувавме дека ова е само сон. По извесен период се присетив дека имам покојна роднина со ова име. Многу сакаше да пее а кога ја погребавме беше облечена во црвен фустан. Почина непосредно пред раѓањето на син ми. Кога му ја покажав сликата, ми рече: Да,ова е тетката која лебди во мојата соба.”

“Мојата петгодишна ќерка понекогаш има ноќни кошмари и вреска во сон. Една ноќ и реков: – Мама е тука, сè е во ред. Ме погледна, сè уште во сон  и вресна: Мама? А, кој е тоа зад тебе?”

РЕКЛАМИ: ---