Home INFO Мрачните тајни на Николас Кејџ: Го гонат извршители а троши милиони на...

Мрачните тајни на Николас Кејџ: Го гонат извршители а троши милиони на бизарни предмети

SHARE

Богатството на холивудскиот актер Николас Кејџ неодамна беше проценето на 150 милиони долари а денес оваа сума вртоглаво се намали.

Причината за ова најверојатно е непланското трошење на актерот. Во еден момент Кејџ поседувал дури 15 куќи, меѓу нив и дворци вредни и по 25 милиони долари.

Николас се почестил и со остров на Бахамите но купил и една куќа која се сметала за “опседната”. За сите овие недвижнини тој денес должи околу 6 милиони долари за данок.
Необјаслива е потребата на актерот за купување на бизарни предмети, кои тешко дека на некој друг би му паднало на ум да ги има.

Тој поседува череп од диносаурус стар 70 милиони години, гробница вредна околу 300 000 доалри во која сака да е погребан по неговата смрт.

Кејџ платил 150 000 долари за октопод, кој наводно “му помага” во неговата актерска кариера.
Кога на ова ќе го додадеме и стариот стрип Супермен платен 150 000 долари, Ламборџинито вредно 450 000 долари, како и уште десетина екстра скапи автомобили, очигледно е дека на актерот му се потребни многу милиони долари за да ги задоволи своите потрошувачки апетити.

Неговите долгови рапидно растат, а за намалувањето на неговото богатство Николас Кејџ го обвинува поранешниот партнер Семјуел Левин.

РЕКЛАМИ: ---