Home СПОРТ Фудбал Мурињо најавува спектакл

Мурињо најавува спектакл

SHARE

Тренерот на Реал Мадрид, португалскиот стручњак Жозе Мурињо за вечерашниот натпревар против Манчетсер Јунајтед рече дека наликува на финале, а не на дуел од нок-аут фазата.

– Цел свет ќе го гледа овој натпревар кој личи на финале, ама ајде да видиме кој од двата тима ќе игра на завршницата на „Вембли“. Малку се плашам дека очекувањата за вечерашната средба се поголеми отколку што треба да бидат, но големината на двете екипи си го прави своето, истакна Мурињо.

Тој најави беспоштедна борба за пласман во четвртфиналето, со објаснување дека шансите за конечна победа се 50:50.

– Никој не може со сигурност да каже што ќе го одлучи вечерашниот реванш. Нема да плачам ако изгубиме, но нема ни да трчам 100 метри ако победиме, изјави Мурињо во негов стил.

Предводникот на шпанскиот претставник упати комплименти до противникот.

– Манчестер е подобар од било кога. Уште од сега може да се каже дека ја освоија Премиер лигата, пласирани се во четвртфиналето од ФА купот, немаат изгубен натпревар со месеци и се во добра форма.

Реванш натпреварот од осминафиналната фаза во ЛШ, Манчетсер Јунајтед – Реал Мадрид се игра вечерва од 20:45 часот на во Манчетсер. На првиот дуел во Мадрид беше 1:1.

РЕКЛАМИ:
Loading...