Home СПОРТ Фудбал Мурињо во свој стил се прости од навивачите на Реал: Хала Мадрид!

Мурињо во свој стил се прости од навивачите на Реал: Хала Мадрид!

SHARE

Последниот свој натпревар на клупата на Реал Мадрид, Жозе Мурињо ќе го има викендов на дуелот против Осасуна, а Специјалниот во свој стил им посака се најдобро на навивачите и клубот.

Мурињо во интервју за официјалниот сајт на Реал Мадрид ги поздрави сите навивачи и им посака се најдобро со пораката “Хала Мадрид”.

– Ги прифатив критиките и благодарам за се. Секогаш Хала Мадрид. Им посакувам се најдобро на навивачите. Ја почитувам вашата поддршка којашто ја имав и ги почитувам критиките кои ми ги упативте. Ви посакувам да уживате во претстојниот период, а пред се, да сте здрави и живи. Хала Мадрид – изјави Мурињо.

По авантурата во Шпанија, Специјалниот најверојатно ќе се врати во Англија и ќе седне на клупата на Челси.

Во соработка со: sportclub.mk

РЕКЛАМИ:
Loading...