Home СПОРТ Кошарка МЗТ го врати позитивниот биланс во АБА лига

МЗТ го врати позитивниот биланс во АБА лига

SHARE

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром синоќа на домашен терен убедливо го совладаа Задар со 94:69 и со тоа го вратија позитивниот ефект во регионалната АБА лига.

За македонскиот претставник ова беше 12.та победа во 23 одиграни натпревари. Првото полувреме заврши нерешено, откако по една четвртина им припадна на двете екипи.

Првата ја доби МЗТ со 28:20, а втората Задар со 26:18. Во вториот дел нашиот шампион одигра одлична одбрана и ефикасно во нападот што резултираше со позитива од 25 поени (27:14 трет периот и 21:9 четвти период).

За МЗТ Скопје ова беше седма победа во осумте натпревари против хрватските екипи во ова натпреварување.

Центарскиот репрезентативен тандем Гечевски-Чековски беше незадржлив за гостинските кошаркари. Ѓорѓи Чековски натпреврот го заврши со 29 поени, додека Тодор Гечевски реализираше 25 поени. Двоцифрен број поени во домашната екипа постигна и Дамјан Стојановски – 14.

На другите завршени натпревари од 23.коло постигнати се следниве резултати: Олимпија – Крка 76:63, Црвена Звезда – Цибона 97:95, Сплит – Широки 88:83 и Раднички – Будуќност 78:63. Денеска играат Цедевита – Партизан, а утре Игокеа – Шолнок.

Табела: Игокеа 17-5 (победи-порази), Црвена Звезда 17-6, Раднички 15-8, Будуќност 14-4, Партизан 13-9, Унион Олимпија 13-10, Цедевита 12-10, МЗТ Скопје Аеродром 12-11, Крка 9-14, Цибона 8-15, Сплит 8-15, Шолнок 7-15, Широки 7-116, Задар 7-16.

РЕКЛАМИ:
Loading...