Home ЗАБАВА Занимливости На болно момче никој не му дошол на роденден, но полицијата го...

На болно момче никој не му дошол на роденден, но полицијата го изненади (фото)

SHARE

Малото момче Глент Бурати сакал да го прослави својот шести роденден со другарите, па неговата мајка решила да ги повика сите 16.

Откако никој од нив не се појавил на забавата, полицијата одлучила да го превземе случајот.

Глент боледува од епилепсија и аутизам, па поради својата болест често е дискриминиран од друштвото, па поради тоа и шестиот роденден го прославил без другарчињата затоа што никој не дошол на неговата прослава.

Потресена и тажна мајката на Глент преку социјалната мрежа Фејсбук го изразила своето незадоволство:

„Од моментот кога се разбуди сакаше само да знае кога пријателите ќе му дојдат. Кога никој не дојде, Глент се расплака“.

glent-1

Кога еден полицаец го прочитал статусот на очајната мајка, одлучил работите да ги превземе во свои раце и на малиот Глент да му приреди неверојатно изненадување.

Полицајците ја прашале мајката дали можат да ги донесат и своите деца на роденденската прослава. Пораката дошла и до шерифот кој пратил хелихоптер да прелета преку куќата на Глен. Пилотот летал доволно ниско за Глен да види како му мафта.

На крајот на забавата дошле 15-на деца и 25 возрасни, кои му донеле многу подароци.

decak

РЕКЛАМИ: ---