АУДИО ВЕСТ:КЛИКНИ НА ПЛЕЕРОТ И СЛУШАЈ!

Хари Стајлс имаше непријатна ситуација на неговиот последен концертен настап за која зборува целиот свет.

На концертот во Инглвуд, Калифорнија, Хари пеејќи ги своите хитови во еден момент му пукнале панталоните меѓу нозете. Во тој незгоден момент пејачот се насмеал и се покрил со знамето на LGBTQ заедницата, кое некој му го фрлил од публиката.

Потоа се пресоблекол во други кожни панталони и ѝ се извинил на публиката.

„Ми се скинаа панталоните. Чувствувам дека треба однапред да им се извинам на неколкумина“, се пошегувал Хари.

Во првиот ред седела и холивудската актерка Џенифер Анистон, а твитерџиите како по обичај одлично се забавуваа на сметка на славниот Хари.

РЕКЛАМИ: