Home ЗАБАВА Занимливости На него смртта ништо не му може (видео)

На него смртта ништо не му може (видео)

SHARE

Температура под нулата, замотан во кутија, закопан под земја и сето тоа го преживеал. Не, не станува збор за уште една шега за Чак Норис.

Чувајќи го хрчакот на своите пријатели за време на велигденските празници, британците Лиза и нејзиното момче Џејмс, не можеле ни да сонуваат дека миленикот баш тогаш ќе почине.

Го замотале во кујнска хартија и го закопале во дворот позади куќата.

Кога наредниот ден, на Голем петок, се разбуделе ги очекувало големо изненадување. Тие виделе дека малиот хрчак Тинк е жив.

„Тој ја изел хартијата во која бил замотан, ископал пат до површината, се качил на ѕидот и се спуштил низ цевка до празни кутии каде се греел цела ноќ. Тргнав да ги згмечам кутиите за да ги фрлам, но ја видов главата на хрчакот како безгрижно ме гледа“, објаснил таткото на Лиза.

Ветеринарот подоцна им објаснил дека хрчаците можат да паднат во состојба на хибернација и така да изгледаат како мртви, доколку во просторијата во која престојуваат има ниска температура. Штом тие повторно ќе се загреат, се враќаат во нормала.

Како успеал малиот хрчак да ги помине останатите препреки, останува мистерија, но поради целиот настан малиот херој си добил нов прекар – Исус.

РЕКЛАМИ:
Loading...