Home ШОУ БИЗз Ѕвезди На риалити ѕвездата повторно и е откриен тумор

На риалити ѕвездата повторно и е откриен тумор

SHARE

Ѕвездата на риалити серијалот на MTV „The Challenge“, Дием Браун, повторно е хоспитализирана на 25 септември откако и е откриен тумор на бубрегот.

Ова е уште една закана по животот на младата Дием, на која претходно и беше дијагностициран рак на дебелото црево поради кој во рок од три дена, два пати подлегнала на операција.

И покрај здравствените проблеми опасни по живот, Дием се труди да остане позитивна.

„Бев многу фрустрирана затоа што моето тело ме издава повторно и повторно. Тешко е да се пронајде сила за борба со болестите и да се биде оптимист, но давам се од себе“.

„Докторите ми рекоа дека левиот бубрег ми бил потполно закрчен, а дека десниот работел само со 25% капацитет, поради туморот кој ги зафатил“, изјавила Дием во интервју за списанието People.

„После повеќечасовна операција, успеаа да ми ги отстранат туморите и да ми вградат стентови за да ја повратат функцијата на моите бубрези“.

Нејзиното момче, CT, со кого повеќе пати раскинуваше и се смируваше, на неговиот Инстаграм профил објави фотографија од Дием во болнички кревет за да ги поттикне луѓето да донираат пари и да и помогнат околу финансирање на лековите и скапите хируршки зафати кои и претстојат.

РЕКЛАМИ:
Loading...