Home ШОУ БИЗз Балкан На свадбата на Жељко: Згодниот политичар бегал од Цеца, после играл на...

На свадбата на Жељко: Згодниот политичар бегал од Цеца, после играл на нејзините песни

SHARE

На венчавката на Жељко и Јована Јоксимовиќ, која се случи во неделата и на која присуствуваа бројни познати личности, лидерот на ЛДП, Чедомир Јовановиќ поради повеќегодишниот спор со Цеца Ражњатовиќ, барал од младенците тој и неговата сопруга Јелена да седат подалеку од пејачката, затоа што сакал да избегне секаков контакт со неа.

– Српскиот политичар со години е близок пријател со Јована и Жељко, а знаел дека на свадбата ќе дојде и Цеца, со која не зборува со години, па однапред барал од младенците тие двајца да бидат оддалечени еден од друг што е можно повеќе, вели извор близок до Чедо Јовановиќ и додава:

– Чедо седел со Иван Мишковиќ и Горан Кариќ, додека Цеца на маса била со Жељко и Милица Митровиќ, па во ниту еден момент не се сретнаа, вели за српски Курир извор блисок до Јовановиќ и додава дека тоа сепак не го спречило политичарот подоцна да заборави на караницата со Цеца, да стане и да заигра на нејзините хитови.

Цеца

Инаку, Чедо и Цеца не зборуваат од 2003 година кога таа беше уапсена во акцијата „Сабја“, а интересно е што Јовановиќ е добар пријател со Јелена Карлеуша, која исто така не зборува со Цеца.

Чедо со сопругата

РЕКЛАМИ:
Loading...