Home ЗАБАВА Видео Најбавното бркање: Прекинал желка за време на парење, видео кое мора да...

Најбавното бркање: Прекинал желка за време на парење, видео кое мора да го видите

SHARE

Со оваа желка не сакате да се закачате, затоа што ако ја изнервирате, мора да бегате.

Добро, не мора да бидете толку брзи, можете полека да се оддалечите од неа.

Баш тоа му се случило на истражувачот Пол Рос на Сејшелите, кога прекинал две желки додека се пареле, а целата ситуација е многу смешна.

Имено, желката мажјак очигледно многу се изнервирал поради тоа што Пол ги прекинал, па налутено тргнал кон него, веројатно со намера да го нападне.

Сепак, тоа што не и оди во прилог е фактот што не може да се движи брзо, па за да побегне од неа, на Пол му требало само малку да се тргне на страна и да набљудува како желката неуморно го следи неговиот чекор.

Видео: Погледнете како изгледа кога желка ќе тргне во потера

РЕКЛАМИ:
Loading...