Home LIFE STYLE Храна Најдобриот рецепт за палачинки – било кога!

Најдобриот рецепт за палачинки – било кога!

SHARE

Ако сте правеле палачинки според  она „стави состојки отприлика“ по совет на мама, баба, тетка, свекрва… а, не ви испаднале баш како нивните, тоа е затоа што тие имаат доволно искуство за тоа да го прават.

Некои домакинки ќе се пожалат дека не успеваат да ги направат совршените палачинки – или се жилави, некогаш лошо се печат, некогаш баш и не се вкусни…

Значи, следува рецепт по точни мерки. Измерете се и плачинките ќе ви бидат подобри од сите кои досега сте ги пробале.

Тестото не е ниту густо, ниту ретко, а се печат совршено.

За супер палачинки потребно ви е следново:

– 250 грама брашно, 1/2 литри млеко, 1/4 литри кисела вода, 3 јајца, 2 супени лажици масло, малку сол

Ништо не додавајте – ништо не одземајте!

Совет: Кога ќе го сматите тестото, оставете да отстои 15-на минути, палачинките поубаво ќе се печат.

Единствениот проблем со овој рецепт е тоа што нема да можете да направите толку палачинки колку што вашето семејство ќе биде во состојба да изеде.

Палачинки

РЕКЛАМИ: ---