Home ЗАБАВА Патување Најголемите грешки при возење на снег

Најголемите грешки при возење на снег

SHARE

Во земјава секоја зима сме сведоци на сообраќајни незгоди, како во урбани средини, така и на автопат во сложени зимски услови.

Повеќето се резултат на традиционално неисчистени коловози и сообраќајници, но и на возачки грешки.

Ви ги презентираме 5-те најчести возачки грешки при возење на снег.

 

5. Лажно чувство на сигурност

Иако возилата со погон на сите четири тркала имаат подобри перформанси од останатите во снежни услови, самата технологија може на возачите да им даде лажно чувство на сигурност. Денешните автомобили се посигурни, со подобра опрема и однесување на патот, но не се семожни во отежнати временски прилики. Затоа не е на одмет вниманието и концентрацијата да бидат на највисоко можно ниво.

4. Недоволна подготвеност

Најопасен ден на патиштата е оној кога првиот снег ќе падне. Многу од возачите не се психички прилагодени за возење во зимски услови, а најчесто не се ниту нивните возила.

3. Пребрзо возење

Ова е една од најголемите грешки при возење на снег. Повеќето возачи имаат лоша навика дека кога ќе излезат на автопат можат да возат со вообичаена брзина. Пребрзото возење го намалува количеството на време кое е потребно за да реагирате благовремено во случај на нагла опасност. Исто така, потребно е 4 до 10 пати повеќе време да се закочи на снег или на мраз.

2. Премала одалеченост

Многу од возачите по навика од нормалните услови држат премало растојание од возилото пред себе. Тоа, секако, драстично го намалува времето на реакцијата доколку се случува нешто непредвидено.

Се препорачува три пати да се зголеми одалеченоста, за да се осигура минималниот пат на кочење од осум секунди. Со други зборови, доколку возите со брзина од само 20км/ч, одалеченоста помеѓу вашиот автомобил и тој што вози пред вас мора да биде четири должини на возилото, додека ако возите со 50км/ч – 12.

1. Нагло кочење

Број еден на листата е паничната реакција – многу возачи рефлексно со голема доза на паника нагазуваат беспоштедно на кочницата кога ќе осетат дека тркалата пролизгуваат. Немојте да го правите тоа, бидејќи ја оневозможувате тракцијата на пневматикот со што се губи контролата врз возилото.

Она што морате да го направите е да ја ослободите педалата за акцелерација и со моторно кочење да го успорите возилото колку што е тоа можно. Пневматикот кој се врти значи дека сеуште постои тракција и контрола, а тоа е потребно за да се одбегне колизија.

Извор: Тв Орбис

РЕКЛАМИ:
Loading...