Home ЗАБАВА Занимливости Најголемите светски заблуди

Најголемите светски заблуди

SHARE

Погледнете со какви заблуди се среќаваме секојдневно – промајата не убива, Колумбо ја открил Америка…

Пред точно 520 години Кристофер Колумбо добил дозвола од шпанскиот крал да тргне кон откривање на покорски пат кон Индија и да се прослави во границите на тогашниот свет.

Она што не ни претчуствувале е дека ќе допре на тло на нов континет и со тоа ќего промени текот на историјата.

[pullquote_right]Најголемиот, најскапиот и најтрагичниот брод во историјата е Титаник, за кој се верувало дека не може да потоне под ниту еден услов, освен некои теоретски.[/pullquote_right]

Колумбо умрел со убедување дека го открил патот за Индија. Тоа била негова заблуда. И покрај тоа, тој всушност не е првиот човек кој зачекорил на американско тло, затоа што тоа во 11 век прво го сториле норвешките морнари под команда на Лејф Ериксон кога стигнале во Њуфаундлент. Поради ова заблуда е кога зборуваме дека „Колумбо ја открил Америка“.

Тесла мислел дека атомската енергија не може да се користи во воени цели. Еден американски хирурј тврдел дека пушењето е добро за здравјето, а шефот на американското Биро за патенти Чарлс Дјуел констатирал во 1899 година дека „откриено е се што можело да се открие“.

Ако тргнеме од она дека промајата може да не убие, да ние Македонците сме најстариот народ и дека водата во ВЦ шољите на јужната полутопка тече наопачки, што апсолутно не е вистина, тогаш може да се заклучи дека ние цело време, секојдневно се сретнуваме со многу заблуди.

РЕКЛАМИ:
Loading...