Home ЗАБАВА Занимливости Најзабавните СМС пораки за Нова Година

Најзабавните СМС пораки за Нова Година

SHARE

Честитките кои се праќаат по пошта одамна „умреа“.

Новите техологии нудат безброј можности, но на корисниците на мобилни телефони најлесно им е да ја честитаат Новата година по пат на СМС порака.

Тоа е супер начин за честитање, но само доколку пораката е иновативна и интересна.

Хитпортал пронајде некој интересни пораки со кои можете да ја честитате Новата 2013-та година.

– Тоа што не сме еден покрај друг во овој момент тоа не значи дека во мислите не сум со тебе. Броиме заедно: 10,9,8,7,6,5,4,3,2,1 – СРЕЌНА НОВА ГОДИНА!

– Ако оваа година ви се случила некоја од овие работи: те оставила жената/мажот, децата не те почитуваат, зема кредит, ти дадоа отказ, колата ти ја украдоа и слично, немој да очајуваш. Новата година ти дава уште една шанса. Се најдобро во новата 2013.

– Точно на полноќ погледни во небото. Замисли желба. Ќе ти се исполни само ако имаш верба, љубов и надеж. Среќна Нова Година.

– Зад старата година затвори ја вратата, а во новата да ти е редовна платата. Колега/колешке се најубаво во 2013!

– Во оваа ноќ прости им на сите кои те повредиле. Од  утре тоа немој да им го дозволиш. Ти посакувам само среќни моменти во новата година.

– Се лошо остави зад себе. Во Новата година влези со нови мисли. Само најчистите и најупорните заслужуваат нов почеток.

– Знам дека знаеш што ти посакувам! СРЕЌНА НОВА ГОДИНА!

– Среееееееќна Ноооооваааа Годинааааааа! П.С. Извини испив повеќе, па се ми се гледа дупло…

– Замисли дека си Дедо Мраз. Колку желби ти можеш да исполниш во новогодишната ноќ? Али бидејќи не си исполни денес барем една и помини си супер!

РЕКЛАМИ:
Loading...