Home ЗАБАВА Занимливости Наместо солзи и течат дијаманти

Наместо солзи и течат дијаманти

SHARE

Кога и да заплака, Џоди Смит преживува вистинска агонија. Нејзините солзи содржат остри „дијамантски“ кристали кои секоја солза и ја претвараат во болно и трауматично искуство.

Оваа мајка пати од цистиноза, ретка наследна болест која предизвикува создавање на киселина која се вика цистин.

Оваа киселина се формира во облик на кристали во срцето и белите дробови и излегуваат низ очите секогаш кога тие се влажни, а се сјајни како дијамант.

Кога за прв пат зборувала за својата болест, Џоди раскажала како нејзиниот доктор и маж велат дека овие кристали изгледаат како најубави дијаманти, но дека за неа не се ништо друго освен болка и непријатност.

– Знам дека звучи убаво, но грозно е, особено кога сонцето ми свети во очи. Се чувствувам како да имам песок во нив, рекла Џоди.

За цистинозата не постои лек, а болните можат да се соочат и со пореметување во бубрежната функција.

Но, оваа храбра мајка од Бостон има одлични доктори кои мислеле дека во тинејџерските денови нема да преживее.

Имала досега две трансплантации на бубрег. По првата, која и била направена кога имала само 9 години, претрпела мозочен удар. Успеала да се опорави, а потоа во 26-та година од животот имала и друга операција на бубрег.

Сега користи капки за очи, но вели дека не и помагаат многу.

Џоди со нејзиниот сопруг Крис имаат една ќерка, 13-годишната Клои.

– Ако некој слушне за слична ситуација и мисли дека може да помогне, би сакала да стапам во контакт, додава оваа храбра мајка.

РЕКЛАМИ:
Loading...