Home ЗАБАВА Занимливости Направен „лајк“ за Гинис

Направен „лајк“ за Гинис

SHARE

Властите на градот Лулеа покренаа акција во обид за поставување рекорд за правење најголема рака на мраз.

Вкупно 2.493 жители од градот се собраа на мраз во пристаништето и формираа форма на рака со кренат палец, односно популарниот „лајк“.

Граѓаните вака се обидуваат да влезат во Гинисовата книга на рекорди, но и да прослават што популацијата на градот дошла до 75.000 луѓе.

– Ова е начин сите да се забавуваме, но и да покажеме дека сме горди на овој град, рече градоначалникот Карл Петерсен. Тој додаде дека Лулеа на овој начин го поздравува и Фејсбук, компанија која неодамна токму во тој град отвори канцеларија.

РЕКЛАМИ:
Loading...