Home КУЛТУРА Настани „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ утревечер во МНТ

„Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ утревечер во МНТ

SHARE

Во рамките на Меѓународниот театарски фестивал во организација на Македонскиот народен театар (МНТ), кој трае од 25 мај до 5 јуни, утревечер ќе биде изведена претставата „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ во режија на Саша Габриќ.

Режисерот Габриќ на денешната прс-конференција по повод претставата го изрази своето задоволство за поканата да учествуваат на овој Фестивал, а посебно и за тоа што, како што кажа, Македонскиот народен театар е тесно поврзан со Бранислав Нушиќ.

– Нас ни е посебно драго што после премиарата во Белград, ја имаме првата реприза во Македонија. Македонскиот наредон театар има голема поврзаност со Нушиќ и некако се поврза ова одбележување на 150 години од неговото раѓање според редоследот. Прво во Националниот театар во Белград кој е негов матичен театар и потоа претстава во Македонскиот театар кој ми се чини е исто така негов театар, истакна Габриќ.

Според главната улога во претставата Борис Комнениќ, од ова дело на Нушиќ кое го напишал на 19 години, произлегуваат ликовите од скоро сите останати негови дела каде тој ги надоградувал, допишувал, дотерувал…, додаде дека претставата се игра после 44 години од последната изведба, за која, како што рече, е посебно горд.

Борис Комнениќ, Радмила Живковиќ, Калина Ковачевиќ, Нада Мацанковиќ, Миленко Павлов, Олга Одановиќ, Бранислав Томашевиќ, Анастасиа Мандиќ, Димитрије Илиќ, Лепомир Ивковиќ, Предраг Милетиќ
Бранко Видаковиќ, Радован Миљаниќ, Саша Кузмановиќ, Иван Заблажански, Илија Павловиќ, Саша Антиќ, Емил Ахметовиќ, Стеван Штрбац и Бојан Пенчиќ ја сочинуваат актерската екипа, костимографијата е на Марина Меденица а сценографијата на Борис Максимовиќ.

МИА

РЕКЛАМИ: ---